Покана за информативни средби во Ранковце, Крива Паланка, Режановце и Лисичани

објавено во: Вести, Инфо | 0

Почитувани,

 

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на информативни сесии кои се организираат во рамки на проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”.

Информативите сесии ќе се одржат на следните локации со следниот распоред:

– 09.10.2018 (вторник), 12:00 – 13:30, с. Ранковце, Крива Паланка (Општинска сала во Ранковце);

– 09.10.2018 (вторник), 16:30 – 18:00, Крива Паланка (Општинска сала во Крива Паланка);

– 09.10.2018 (вторник), 20:00 – 21:30, с. Режановце, Куманово (О.У Толи Зордрумис);

– 10.10.2018 (среда), 20:00 – 21:30, с. Лисичани, Кичево (кафе Хана-Транс, с. Лисичани)

 

На овие сесии ќе ве информираме за:

– предности од здружување во земјоделски задруги преку презентација на успешни примери од регионот и

– можности за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги во рамки на наведениот проект.

 

Со цел да ги споделиме овие информации со што поголем број на земјоделци, Ве молиме за овие средби да ги информирате вашите целни групи и сите заинтересирани лица во регионот (вклучувајќи ги и другите општини).

 

Агендата за настаните Ви ја испраќаме во прилог. Лице за контакт е Димитар Смилјановски, dsm@mrfp.mk  тел. +389 2 3088 992.

 

Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од  CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Повеќе детали за проектот може да најдете на следната веб-страна: www.zadrugi.mk

 

Со почит,

 

Проект „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“

Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП)

Ул. Никола Парапунов 41а, П.Ф. 109, 1000 Скопје

www.zadrugi.mk; zadrugi@mrfp.mk

Тел: 02/3088-992; Fax: 02/3065-298

 

Agenda – Rankovce 09.10.2018

Agenda Kriva Palanka 09.10.2018

Agenda Rezanovce 09.10.2018

Agenda Lisicani-Kicevo 10.10.2018

 

Сподели: