Претставување на успешни примери и искуства на земјоделски задруги од регионот – ЗЗ „Вочар Сланкамен“, Војводина

објавено во: Вести, Инфо | 0

Во рамките на Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, се спроведоа 20 информативни средби низ земјата, со повеќе од 854 учесници, каде што беа претставени добри пракси на земјоделски задруги од регионот и ЕУ. Со цел да се пренесе информацијата до што повеќе корисници, се креираа видео записи од земјоделските задруги кои гостуваа на средбите.

На видео записот може да се погледне претставувањето на земјоделската задруга „Вочар Сланкамен“, Војводина. Нивниот Управител зборува за причината и начинот на нивното формирање, како работат и кои се нивните достигнувања.

Проектот го спроведуваат CARE и МРФП и истиот е финансиски поддржан од Европската Унија.