Спроведена студиска посета во Грција

објавено во: Вести, Инфо | 0

Во периодот 27-30 јули 2021 година, вкупно 29 претставници кои доаѓаат од земјоделските задруги од РСМ, од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Здружение Македонска асоцијација на земјоделските задруги, од спроведувачите на проектот CARE International Balkans и Македонска развојна фондација за претпријатија, како и новинари од МТВ, учествуваа на студиска посета во Грција во обласите Кавала, Верија и Солун.

За време на 4 дневната студиска посета учесниците имаа можност да посетат 9 субјекти меѓу кои 6 задруги, 1 асоцијација, 1 сојуз на преработувачи и 1 институт. Се посетија задруги кои се производители на овошје (праски, киви, цреши итн.), зеленчук (аспарагус), маслинки, пченка, вино итн. Се претставија грќките модели на здружување и поддршката од ЕУ фондовите. Посетата исто така беше медиумски покриена од локалните медиуми во Кавала и Верија.

Покрај размената на информации и искуства, како додадена вредност на студиската посета е потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу Здружение Македонска асоцијација на земјоделските задруги и Асоцијацијата на земјоделски задруги од Иматија.