Повик бр. 3/ЗАМ/2019 за техничка поддршка – фаза 2 за развој на постоечки земјоделски задруги

објавено во: Повици / Огласи | 0

Почитувани,

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве поканува да учествувате на „Повикот за техничка поддршка – фаза 2 за развој на постоечки земјоделски задруги“ бр. 3/ЗАМ/2019.

Генералната цел на поддршката е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на земјоделските задруги. Специфичната цел на поддршката е зголемена продуктивност и зголемени економски резултати преку поддршка за развој на земјоделски задруги.

Право на учество имаат сите земјоделски задруги регистрирани во надлежниот регистар на земјоделски задруги и кои веќе биле избрани за техничка поддршка – фаза 1 во рамките на проектот.

Рокот за доставување пријави е 19.04.2019 г. до 16.00 часот.

Инструкциите и обрасците за аплицирање може да ги подигнете во просториите на Македонската развојна фондација за претпријатија – МРФП или од веб-страницата www.zadrugi.mk.

Пријавите се поднесуваат на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија, ул. „Никола Парапунов“ бр. 41a, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 3/ЗАМ/2019“.

Оваа постапка за избор се спроведува во рамките на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.

Сподели: