Известување за промена на рок и начин на поднесување пријави за Повик бр. 3/ЗАМ/2019 и Повик бр. 4/ЗАМ/2019 за техничка поддршка – фаза 2

објавено во: Вести | 0

Почитувани,

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве известува за две важни промени за рокот и за начинот на поднесување на пријавите за објавените повици:

  • Повик бр. 3/ЗАМ/2019 за техничка поддршка – фаза 2 за развој на постоечки земјоделски задруги; и
  • Повик бр. 4/ЗАМ/2019 за техничка поддршка – фаза 2 за иницијативи за формирање земјоделски задруги.

Рокот за доставување пријави за обата повици е 22.4.2019 година до 16 часот.

Пријавите се поднесуваат електронски на следната адреса: zadrugi@mrfp.mk

Електронски поднесените пријави треба да содржат наративен и финансиски дел, а прилозите кои вклучуваат потписи треба да бидат скенирани.

Апликантите кои веќе поднеле пријава можат да поднесат и електронска пријава. За валидна се зема последно примената пријава.

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.

Сподели: