Развојот на земјоделските задруги во Македонија ќе биде поддржан со јакнење на капацитетот на чадор организацијата на земјоделски задруги која би ги застапувала интересите на задругите и нивните членови пред државните институции. Проектниот тим транспарентно ќе одбере една чадор организација и интензивно ќе работи на нејзиното зајакнување и градење на капацитети за застапување на интересите на земјоделските задруги.