„Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве поканува да учествувате на „Повикот за пријавување на групи на земјоделски стопанства кои имаат интерес да формираат земјоделска задруга“ и „Повикот за пријавување интерес за развој на земјоделска задруга“. Повиците може да ги најдете тука:
- „Повикот за пријавување на групи на земјоделски стопанства кои имаат интерес да формираат земјоделска задруга“
- „Повикот за пријавување интерес за развој на земјоделска задруга“
Генерална цел на поддршката е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на земјоделските задруги. Специфична цел на поддршката е зголемена продуктивност и зголемени економски резултати преку поддршка на соработка меѓу земјоделците за формирање на нови земјоделски задруги.