Зголемена свест меѓу земјоделците, бизнисите и пошироката јавност за придобивките од задругите ќе се стекне со спроведување на јавна кампања преку која земјоделците ќе се информираат за придобивките од задругарството. Јавната кампања ќе биде надополнета со серија од 20 информативни сесии кои ќе бидат организирани на различни локации низ цела Македонија, со што директно ќе се споделат можностите кои ги нуди проектот, придобивките од задругарството како и презентирање на искуствата на успешните задруги од регионот и пошироко.