Со цел да се подобри сегашната состојба на земјоделците проектот ќе им овозможи техничка поддршка на постојните земјоделски задруги и на земјоделските стопанства кои имаат намера да се здружат и основаат земјоделска задруга согласно Законот за земјоделски задруги во Македонија.

Сите земјоделски задруги и земјоделски стопанства кои што ги исполнуваат критериумите ќе имаат можност да изразат интерес на јавен повик со што ќе се вклучат во процесот на селекција и добивање на потенцијална техничка и финансиска поддршка.

 

  1. За постоечки земјоделски задруги 

Постоечките земјоделски задруги кои сакаат да го прошират своето членство и да ги развијат своите задруги ќе бидат вклучени во повеќефазен процес на техничка поддршка. Првиот чекор од овој процес е аплицирање на повикот за изразување интерес. Врз основа на добиените апликации, изборна комисија според критериумите наведени во повикот за изразување на интерес ќе избере 24 постоечки земјоделски задруги кои ќе учествуваат на обуките за развој на бизнис план. Со завршување на обуката се очекува учесниците да имаат работна верзија на нивните бизнис планови кои ќе ги довршат во одреден временски рок. Врз основа на бизнис плановите кои ќе бидат доставени ќе бидат извршени посети на терен за да се утврди фактичката состојба и изводливост на бизнис плановите. Понатаму потесен круг од 16 задруги ќе продолжат во наредната фаза во која ќе бидат ангажирани ментори – експерти кои ќе им помогнат на кандидатите да ги подобрат своите бизнис планови и различни обуки за подобрување на менаџментот и организациската поставеност, изнаоѓање на технолошки решенија, воспоставување на пазарни контакти и сл. По завршувањето на овој период 16 бизнис планови ќе бидат поднесени врз чија основа по однапред утврдени критериуми ќе се изберат 8 задруги со кои ќе се потпишат договори за техничка и финансиска поддршка (грантови). Процесот не запира тука, менторството и обуките ќе продолжат и понатаму со цел да се остварат предвидените резултати. Обемот и видот на обуки и менторство ќе зависи од самите потреби на избраните задруги. Во спроведувањето на активностите предвидени во бизнис плановите проектниот тим ќе го набљудува целокупниот процес и постигнувањата на задругите преку различни инструменти.

 

  1. За земјоделски стопанства кои ќе основаат земјоделска задруга

Земјоделските стопанства кои имаат желба да основат земјоделска задруга ќе бидат вклучени во повеќефазен процес на техничка поддршка. Првиот чекор од овој процес е аплицирање на повикот за изразување интерес. Врз основ на добиените апликации, изборната комисија според критериумите наведени во повикот за изразување на интерес ќе избере до 30 земјоделски  стопанства кои ќе им биде дадена поддрша и совет за правилно регистрирање на земјоделски задруги како и обуки за развој на бизнис план. Со завршување на обуката се очекува учесниците да имаат работна верзија на нивните бизнис планови кои ќе ги довршат во одреден временски рок. Врз основа на бизнис плановите кои ќе бидат доставени ќе бидат извршени посети на терен за да се утврди фактичката состојба и изводливост на бизнис плановите. Понатаму потесен круг од 20 земјоделски стопанства ќе продолжат во наредната фаза во која ќе бидат ангажирани ментори – експерти кои и понатаму ќе им помогнат на кандидатите да ги подобрат своите бизнис планови со различни обуки за подобрување на менаџментот и организациската поставеност, изнаоѓање на технолошки решенија, воспоставување на пазарни контакти и сл. По завршувањето на овој период 20 бизнис планови ќе бидат поднесени врз чија основа по однапред утврдени критериуми ќе се изберат 12 новоформирани задруги со кои ќе се потпишат договори за техничка и финансиска поддршка (грантови). Процесот не запира тука, менторството и обуките ќе продолжат и понатаму со цел да се остварат предвидените резултати. Обемот и видот на обуки и менторство ќе зависи од самите потреби на избраните задруги. Во спроведувањето на активностите предвидени во бизнис плановите проектниот тим ќе го набљудува целокупниот процес и постигнувањата на задругите преку различни инструменти.