Проектниот тим, со поддршка на надворешни експерти од областа на земјоделството и правото ќе спроведе анализа на законската рамка која ги регулира земјоделските задруги. Освен законската регулатива анализата ќе ги опфати и националните политики и мерки за поддршка на земјоделството. Преку преглед на европските решенија и искуствата на земјите од регионот во однос на ова прашање ќе се предложат мерки за подобрување на сегашната правна рамка со цел поттикнување на задругарството во Македонија.