Постоечки задруги и земјоделски групи кои изразат интерес за формирање на земјоделски задруги ќе бидат во можност да аплицираат за техничка и финансиска помош за развој на нивните задруги. Претставници на апликантите ќе учествуваат на обуки за развој на бизнис план врз основа на кој на транспарентен начин ќе бидат избрани 8 постоечки задруги и 12 новоформирани задруги кои ќе добијат финансиска помош од страна на проектот за реализација на нивната бизнис идеја.