- Што е земјоделски производител?
Земјоделски производител е носителот на земјоделско стопанство или член на семејно земјоделско стопанство или лице кое е постојано или времено вработено на земјоделското стопанство и кое се занимава со земјоделска дејност.
- Што е земјоделско стопанство?
Земјоделско стопанство е економска единица под единствено управување (од едно или повеќе лица без оглед на сопственоста, правната форма, големина или локација) на чиј земјоделски имот (кој го поседува и/или располага) се врши земјоделска дејност и за кое се води евиденција во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Земјоделското стопанство опфаќа една или повеќе производни единици. Земјоделско стопанство може да биде правно организирано како трговско друштво или друго правно лице утврдено со закон или семејно земјоделско стопанство.
- Кој може да врши земјоделска дејност?
- физичко лице чие работење не ја надминува земјоделската дејност од помал обем и е запишано во регистарот на индивидуални земјоделци
- физичко лице како трговец-поединец, и правно лице: трговско друштво како акционерско друштво и друштво со ограничена одговорност, што се запишани во трговскиот регистар.
- земјоделска задруга што е запишана во соодветен регистар.
- Што се подразбира под млад земјоделец?
Млад земјоделец е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години.
- Што е земјоделска задруга?
Земјоделска задруга е организациона форма на доброволно здружување на земјоделски стопанства заради остварување на нивните економски, социјални, културни и други интереси и потреби при вршење на земјоделската дејност.
- Колку членови може да основаат земјоделска задруга?
Земјоделска задруга може да основаат најмалку 10 земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
- Земјоделската задруга од мал обем – задруга со најмалку 10, а најмногу 19 члена.
- Земјоделска задруга од голем обем – задруга со најмалку 20 члена.