Почитувани,
Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве известува за две важни промени за рокот и за начинот на поднесување на пријавите за објавените повици:
- Повик бр. 3/ЗАМ/2019 за техничка поддршка – фаза 2 за развој на постоечки земјоделски задруги; и
- Повик бр. 4/ЗАМ/2019 за техничка поддршка – фаза 2 за иницијативи за формирање земјоделски задруги.
Рокот за доставување пријави за обата повици е 22.4.2019 година до 16 часот.
Пријавите се поднесуваат електронски на следната адреса: zadrugi@mrfp.mk
Електронски поднесените пријави треба да содржат наративен и финансиски дел, а прилозите кои вклучуваат потписи треба да бидат скенирани.
Апликантите кои веќе поднеле пријава можат да поднесат и електронска пријава. За валидна се зема последно примената пријава.
Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.