Спроведени теренски посети на грантистите

објавено во: Вести, Инфо | 0

На 09.07.2021 година, проектот (CARE и МРФП) во придружба од Делегацијата на ЕУ во Скопје, започна со низата теренски посети на грантистите со цел увид и презентација на направените набавки во рамките на грантовата шема на проектот.

На првата посета се извршија теренски посети на тројца грантисти и тоа: Прва лозарска кооператива од Неготино, Петрушка река од Миравци и Јужен бисер плус од Стојаково. Нивните бизнис планови кои се развија во рамките на проектот се фокусираат на следните активности:

 

  • Прва лозарска кооператива од Неготино, вкупна висина на инвестиција 22,540 евра (од кои 18,032 од ЕУ). Главна инвестиција е машинерија за зелена резидба и дефолијатор. Задругата брои 14 членови;
  •  
  •  

  • Петрушка река од Миравци, вкупна висина на инвестиција 126,439 евра (од кои 80,000 од ЕУ). Главна инвестиција е магацински и дистрибутивен простор со уреди за сушење и ладење. Задругата брои 11 членови;
  •  

  • Јужен бисер плус од Стојаково, вкупна висина на инвестиција 83,740 евра (од кои 59,814 од ЕУ). Главна инвестиција е магацински и дистрибутивен простор опремен со лабораториски простории, палетизација, пакување и етикетирање. Задругата брои 10 членови.
Сподели: