Земјоделските задруги ги зголемија своите знаења од областа на продажба

објавено во: Вести, Инфо | 0

На 15 јули 2021 г. во Велес се одржа обука на тема Патот на купувачот – Развој на продажна скрипта наменета за земјоделските задруги кои се финансиски поддржани во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“.

На обуката 27 претставници од 14 земјоделски задруги ги зголемија своите знаења од областа на продажбата и продажниот процес со цел негова полесна реализација и остварување на подобри резултати. Притоа, преку реални примери беа дефинирани карактеристиките на продавачот (дали продавачот се раѓа или создава?) и основните чекори во продажбата: барање клиенти, контакт со клиенти, препознавање на потребите, презентирање на производот и услугата на задругата, приговори, затворање на продажба и после-продажба.

Обуката е дел од техничката поддршка наменета за земјоделските задруги во рамки на проектот, а во следниот период ќе бидат организирани обуки на различни теми согласно потребите на задругите.