На 23 јули 2021 г. во Велес се одржа обука на тема Употреба на пестициди и безбедност при работа во земјоделство наменета за земјоделските задруги кои се финансиски поддржани во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“.
На обуката 12 претставници од 7 земјоделски задруги има можност да се информираат за несреќите при работа во земјоделие, да ги дознаат статистичките податоци од годишните извештаи на МЗЗПТ, како и да се информираат за законска рамка на безбедноста и здравјето во земјоделскиот сектор и алатките за намалување на ризиците на работното место во земјоделието. Воедно, присутните ги зголемија своите знаења од областа на употреба на пестицидите. Дали тие се вистинска потреба или само корисна алатка, каква е законската рамка за примена на пестицидите и мерки за безбедност, како и кои се новите правци во заштитата на растенијата.
Обуката е дел од техничката поддршка наменета за земјоделските задруги во рамки на проектот.