Јавен повик за достава на понуди за избор на советодаватели за изработка на бизнис план (бр. 6А/ЗАМ/2018)

објавено во: Повици / Огласи | 0

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ги поканува сите заинтересирани субјекти – физички или правни лица да учествуваат во тендерска постапка за набавка на: советодавни услуги и изработка на бизнис план (во понатамошниот текст: услуги).  Услугите  се наменети за земјоделски стопанства – членови на земјоделските задруги и за земјоделски стопанства кои имаат намера да формираат земјоделска задруга. Планираниот период и место за испорака на услугите е: од јануари до март 2019 година, на различни локации во Република Македонија.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, кој е финансиран од ЕУ, а го спроведуваат CARE Германија-Луксембург и МРФП.

Рокот за доставување на понудите е 04.01.2019 г. до 16:00 часот.

Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација. Заинтересираните понудувачи можат да подигнат тендерска документација лично во Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП), на адреса: ул. Никола Парапунов 41А, 1060 Скопје, преку контакт на телефон 023088992 и 072595376, или преку барање на електронска адреса zadrugi@mrfp.mk. Лица за контакт се Светлана Бошкоска и Марина Јоноска.