Почитувани,
CARE Германија/Луксембург (CARE) ве поканува на јавни дебати кои се организираат во рамки на проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги”.
Првите две јавни дебати (од вкупно 5), ќе се одржат на следните локации со следниот распоред:
– 14.05.2019 (вторник), 11:00 – 14:00, Кочани (Хотел Амор);
– 16.05.2019 (четврток), 11:00 – 14:00, Струмица (Хотел Сириус);
На јавните дебати ќе ве информираме за предлог промените од законите кои ги тангираат земјоделските задруги, а се поврзани со формирањето и функционирањето на истите. Преку промената на законите, проектот сака да креира јасна законска рамка која ќе овозможи развој и поддршка на задругарството во земјата.
Целта на јавните дебати е:
- да ја информираме јавноста за новите предлог законски решенија;
- да отвориме дискусија и можност за партиципативно учество на сите засегнати страни.
Со цел да ги споделиме овие информации со што поголем број на засегнати страни, Ве молиме за овие настани да ги информирате вашите целни групи и сите заинтересирани лица во регионот (вклучувајќи ги и другите општини).
Агендите за настаните можете да ги преземете овде:
– Агенда за јавна дебата во Кочани
– Агенда за јавна дебата во Струмица.
За било какви информации, можете да не контактирате на care.macedonia@care.org тел. +389 2 3087 977.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од CARE и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со почит,
Проект „Поддршка за развој на земјоделски задруги“
ул. Никола Парапунов 41, 1000 Скопје
контакт телефон +389 (2) 3087 977
е. пошта care.macedonia@care.org