CARE Германија е.В. во рамките на проектот, ја предводеше делегацијата од релевантни институции и граѓански организации на студиска посета во Република Словенија. Студиската посета беше наменета за претставници од работната група која се формираше во рамките на проектот, а чија што цел е ревидирање на законската рамка која е релевантна за земјоделските задруги.
На студиската посета се изврши меѓуинституционална размена на искуства со Министерството за земјоделство, шумарство и риболов, Kомората за земјоделство и шумарство, Собранието на Република Словенија и Унијата на задруги на Република Словенија. Дополнително се овозможи во пракса да се разгледа делувањето на земјоделските задруги во Република Словенија преку посета на 2 земјоделски задруги. Делегацијата ги посети задругите КЗ Аграрија Копер и КГЗ Шкофја Лока.
Делегацијата на студиската посета беше составена од претставници од проектниот тим предводен од CARE Германија е.В., претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, од Министерство за Економија, од Собранието на Република Северна Македонија, од Македонската асоцијација на земјоделски задруги, од Националната федерација на фармери, како и новинари од Македонската радио телевизија.
Студиската посета се одржа во периодот 18-21 септември 2019 година во Република Словенија, како дел од Резултатот 1 на проектот кој гласи: Ревидирана правна рамка за земјоделски задруги преку соработка на проектниот тим, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и чадор- организацијата на земјоделските задруги.
Во прилог фотографии од посетите.