Јавен повик бр. 1/ЗАМ/2018 за избор на добавувач на услуга за изработка (развој и дизајн) на веб-страна на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува да учествувате во тендерска постапка за набавка на: услуга за изработка (развој и дизајн) на веб-страната на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“.
Тендерската постапка се спроведува во рамките на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“, финансиран од Европската унија во рамките на ИПА Програма за земјоделство и рурален развој, а спроведуван од Care Deutschland – Luxemburg и Македонската развојна фондација за претпријатија.
Деталниот Опис на надлежности (ОнН) е во Прилог 1. на овој јавен повик.
Краток опис на проектот е даден во Прилог 2. на овој јавен повик.
Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи – физички и правни лица кои имаат искуство во развој и дизајн на веб-страни.
Рокот за доставување на понудите е десет календарски дена по објава на овој повик но не подоцна од 23.04.2018 г. (понеделник) до 16 часот.
Понудата треба да содржи техничката и финансиската понуда кои треба да бидат доставени во еден плик на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија, ул. Никола Парапунов бр. 41a, П.Фах 109, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 1/ЗАМ/2018“.
Техничката понуда треба да содржи:
- Портфолио на релевантните проекти изработени од предложениот експерт во изминатите 3 години, опис во табеларен формат, со вклучени линкови од изработените веб-страни,
- Детално ЦВ од предложениот експерт.Финансиската понуда треба да биде изразена во вкупен бруто износ во македонски денари со вклучен персонален данок на доход (доколку понудувачот е физичко лица) односно вкупен износ во македонски денари без вклучено ДДВ (доколку понудувачот е правно лице).
Изборот на најповолен понудувач ќе биде направен според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена. Критериумите за квалитет ќе ги вклучат претходните проекти и ЦВ-јата на експертите.