Повик бр. 11/ЗАМ/2019 за пријавување интерес за користење на советодавни услуги за спроведување на тендерски постапки за набавки

Почитувани,

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве поканува да учествувате на Повикот за пријавување на интерес за користење на советодавни услуги за спроведување на тендерски постапки за набавки.

Генерална цел на повикот е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на земјоделските задруги. Специфична цел на повикот е поддршка на земјоделските задруги при спроведување на тендерски постапки за набавки, дел од договорите за финансиска поддршка за спроведување на деловен план.

Право на учество имаат сите земјоделски задруги кои имаат потреба од советодавни услуги за спроведување на тендерски постапки за набавки и со кои Договорниот орган има склучено Договор за финансиска поддршка за спроведување на деловен план во рамки на проектот.

Рок за доставување на пријавите е 10.01.2020 г. до 16:00 часот.

Пријавата, која е во прилог на Повикот, се поднесува на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија, ул. Никола Парапунов бр. 41a, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 11/ЗАМ/2019“ или електронски (потпишана и скенирана) на следната адреса: zadrugi@mrfp.mk.

Оваа постапка за пријавување на интерес се спроведува во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонска развојна фондација за претпријатија.

Превземи ја целосната документација на следниот линк: https://zadrugi.mk/wp-content/uploads/2019/12/89-2-Povik-za-prijavuvanje-interes-za-sovetodavni-uslugi-sproveduvanje-na-tenderski-postapki-11-ZAM-2019.docx