На 19 јули 2021 г. во Велес се одржа обука на тема Маркетинг и брендирање наменета за земјоделските задруги кои се финансиски поддржани во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“.
На обуката 15 претставници од 7 земјоделски задруги ги зголемија своите знаења од областа на маркетингот и брендирањето како продолжување на обуката од областа на продажба. Притоа, преку групна дискусија присутните се запознаа со бизнис моделите на нивните задруги, основите на маркетингот, брендот и брендирањето, по што работеа на креирање на индивидуални продажни и маркетинг планови за нивните задруги.
Обуката е дел од техничката поддршка наменета за земјоделските задруги во рамки на проектот, а во следниот период ќе бидат организирани обуки на различни теми согласно потребите на задругите.