Известување за измени во Повик бр. 6/ЗАМ/2019 и Повик бр.7/ЗАМ/2019 за финансиска поддршка – фаза 3

posted in: Вести, Инфо, Истакнато | 0

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ Ве известува за две важни измени кои се однесуваат на рокот за пријавување и на задолжителната документација за поднесување на пријавите за објавените повици:

Следните измени се однесуваат и за двата повици:

  • Краен рок за поднесување на пријавите:
    • Рокот за доставување пријави е продолжен до 26.9.2019 г. до 16.00 часот.
  • Задолжителна документација (во дел од т. 2.1.1. од Повикот):
    • Копија од Уверение за остварени приходи издадено од Управа за јавни приходи за секој член на задругата или копија од Годишна завршна сметка (за 2018 г.) издадена од Управа за јавни приходи доколку членот на задругата е правно лице.

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).