Одржана обука за можности за финансирање на земјоделските задруги

објавено во: Вести, Инфо | 0

На 17 јуни 2021 г. во Велес се одржа обука на тема Можности за финансирање на земјоделски задруги наменета за земјоделските задруги кои се финансиски поддржани во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Северна Македонија“.

На обуката присуствуваа 29 претставници од 17 земјоделски задруги кои имаа можност да се запознаат со програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој како и со можностите кои земјоделските задруги ги имаат за користење на финансиска поддршка од ИПАРД.

Обуката е дел од техничката поддршка наменета за земјоделските задруги во рамки на проектот, а во следниот период ќе бидат организирани обуки на различни теми.

Сподели: