Почитувани,
Ве информираме дека Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ќе оддржи информативни сесии кои се организираат во рамки на проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”.
Информативите сесии е ќе се одржат на следните локации со следниот распоред:
– 09.03.2020 (понеделник), 12:30 – 13:30, Тетово, Општинска сала
– 09.03.2020 (понеделник), 16:30 – 17:30, Велес, Општинска сала
На овие сесии ќе Ве информираме за можностите за финансиска и техничка поддршка во рамки на проектот. Агендите за настаните можете да ги најдете подолу.
На сесијата се покануваат сите заинтересирани земјоделци за формирање на земјоелска задруга и други засегнати страни.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со почит,
Проект „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“
Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП)
Ул. Никола Парапунов 41а, П.Ф. 109, 1000 Скопје
www.zadrugi.mk; zadrugi@mrfp.mk
Тел: 02/3088-992; Fax: 02/3065-298
Агенда – Информативна сесија во Тетово
Агенда – Информативна сесија во Велес