Покана за информативни средби во Блатец, Пехчево, Пиперево и Стојаково

posted in: Вести, Инфо | 0

Почитувани,

Ве информираме дека Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ќе оддржи информативни сесии кои се организираат во рамки на проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”.

Информативите сесии е ќе се одржат на следните локации со следниот распоред:

– 18.10.2018 (четврток), 15:30 – 17:00, с.Блатец, (во просториите на компанијата СА-МО Бионатура, с.Блатец);

– 18.10.2018 (четврток), 19:00 – 20:30, Пехчево, (х. Гогов);

– 19.10.2018 (петок), 18:00 – 19:15, с. Пиперево, (Дом на култура);

– 19.10.2018 (петок), 20:30 – 22:00, с. Стојаково, (Месна канцеларија за оддржување на настани од јавен карактер)

 

Агендите за настаните се приложени во рамките на оваа објава.

 

На овие сесии ќе ве информираме за:

– предности од здружување во земјоделски задруги преку презентација на успешни примери од регионот и

– можности за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги во рамки на наведениот проект.

 

Со цел да ги споделиме овие информации со што поголем број на земјоделци, Ве молиме за овие средби да ги информирате вашите целни групи и сите заинтересирани лица во регионот (вклучувајќи ги и другите општини).

 

Лице за контакт е Димитар Смилјановски, dsm@mrfp.mk  тел. +389 2 3088 992.

 

Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од  CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Повеќе детали за проектот може да најдете на следната веб-страна: www.zadrugi.mk

 

Со почит,

 

Проект „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“

Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП)

Ул. Никола Парапунов 41а, П.Ф. 109, 1000 Скопје

www.zadrugi.mk; zadrugi@mrfp.mk

Тел: 02/3088-992; Fax: 02/3065-298

 

Agenda – s. Blatec, 18.10.2018, 15.30h

Agenda – Pehchevo, 18.10.2018, 19.00h

Agenda – s.Piperevo 19.10.2018, 18.00h

Agenda – s.Stojakovo 19.10.2018, 20.30h