Покана за информативни средби во Тетово, Гостивар, Битола и Прилеп

објавено во: Инфо | 0

Почитувани,

 

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на информативни средби кои се организираат во рамки на проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”.

Информативите средби ќе се одржат на следните локации со следниот распоред:

– 05.09.2018 (среда), 12:00 – 14:00, Тетово во Општинската сала;

– 05.09.2018 (среда), 18:00 – 20:00, Гостивар во Општинската сала;

– 06.09.2018 (четврток), 10:00 – 12:00, Битола во НУ Центар за култура – Битола;

– 06.09.2018 (четврток), 16:00 – 18:00, Прилеп во старата Општинска сала.

На средбите ќе информираме за:

– предности од здружување во земјоделски задруги преку презентација на успешни примери од регионот и

– можности за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги во рамки на наведениот проект.

 

Со цел да ги споделиме овие информации со што поголем број на земјоделци, Ве молиме за овие информативни средби да ги информирате вашите целни групи, земјоделци и сите заинтересирани лица во регионот (вклучувајќи ги и другите општини).

Агендата за настаните Ви се достапни подолу. Лице за контакт е Димитар Смилјановски, dsm@mrfp.mk  тел. +389 2 3088 992.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од  CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Повеќе детали за проектот може да најдете на следната веб-страна: www.zadrugi.mk

 

Со почит,

Проект „Поддршка за развој на земјоделски задруги“

 

Агенда за Тетово 05.09.2018

Агенда за Гостивар 05.09.2018

Агенда за Битола 06.09.2018

Агенда за Прилеп 06.09.2018

Сподели: