Претставување на успешни примери и искуства на земјоделски задруги од регионот – ЗЗ „Жена“ од Кравица, Босна и Херцеговина

објавено во: Вести, Инфо | 0

Во рамките на Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, се спроведоа 20 информативни средби низ земјата, со повеќе од 854 учесници, каде што беа претставени добри пракси на земјоделски задруги од регионот и ЕУ. Со цел да се пренесе информацијата до што повеќе корисници, се креираа видео записи од земјоделските задруги кои гостуваа на средбите.

На видео записот може да се погледне претставувањето на земјоделската задруга „Жена“ од Кравица, Босна и Херцеговина. Основачките зборуваат за причината и начинот на нивното формирање, како работат и кои се нивните достигнувања.

Проектот го спроведуваат CARE и МРФП и истиот е финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Сподели: