Во текот на февруари 2019 година, проектот спроведе 18 дена обука за подготовка на бизнис план. Односно беа одржани 9 дводневни обуки на различни места низ земјава: Битола (31.1-1.2.2019 г.), Струмица (4-5.2.2019 г.), Крива Паланка (7-8.2.2019 г.), Виница (11-12.2.2019 г.), Берово (12-13.2.2019 г.), Велес (12-13.2.2019 г.), Скопје (18-19.2.2019 г.), Ресен (19-20.2.2019 г.), Гевгелија (25-26.2.2019 г.).
Учесниците на обуката се здобија со знаење за изработка на бизнис план од следните теми: анализа на проблеми и дефинирање на заеднички цели; опис на бизнис идеја; план на производство/услуги; организација и менаџмент; маркетинг план; финансиски план; и свот анализа. Овие обуки, покрај тоа што им помогна на учесниците да се стекнат со знаења од наведените теми, исто така, преку процес на менторство, им овозможија да подготват нацрт бизнис план за развој на земјоделска задруга со кој ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка за реализација на нивната бизнис идеја.
Конкретната активност им помогна на претставниците на земјоделските задруги и иницијативи за формирање земјоделски задруги да ги развијат своите вештини и бизнис идеите да ги преточат во бизнис планови. На обуките учествуваа 19 претставници од земјоделски задруги и 34 иницијативи за формирање земјоделски задруги.