Повик бр. 9/ЗАМ/2019 за пријавување интерес за правна поддршка за формирање (регистрација) на земјоделска задруга

објавено во: Повици / Огласи | 0

Почитувани,

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве поканува да учествувате на Повикот за пријавување на групи на земјоделски стопанства кои имаат интерес за правна поддршка за формирање (регистрирање) на земјоделска задруга.

Генерална цел на поддршката е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на земјоделските задруги. Специфична цел на поддршката е зголемена продуктивност и зголемени економски резултати преку поддршка на соработка меѓу земјоделците за формирање на нови земјоделски задруги.

Право на учество имаат сите иницијативи за формирање (нови) земјоделски задруги кои веќе се избрани за техничка поддршка – фаза 2 во рамки на проектот.

Рок за доставување на пријавите е 12.08.2019 г. до 16:00 часот.

Пријавата, која е во прилог на Повикот, се поднесува на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија, ул. Никола Парапунов бр. 41a, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 9/ЗАМ/2019“.

Оваа постапка за пријавување на интерес се спроведува во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонска развојна фондација за претпријатија.

Повик бр. 9/ЗАМ/2019 за пријавување интерес за правна поддршка за формирање (регистрација) на земјоделска задруга