Јавен повик за достава на понуди бр. 8/ЗАМ/2019 за избор на правни советници за формирање на земјоделска задруга

објавено во: Повици / Огласи | 0

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ги поканува сите заинтересирани субјекти – физички или правни лица да учествуваат во тендерска постапка за избор на: правни советници за испорака на правни услуги за формирање на земјоделска задруга (во понатамошниот текст: услуги). Услугите се наменети за земјоделски стопанства кои планираат да формираат земјоделска задруга. Планираниот период и место за испорака на услугите е од август до септември 2019 година, на различни локации во земјата.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, кој е финансиран од ЕУ, а го спроведуваат CARE Германија-Луксембург и МРФП.

Рокот за доставување на понудите е 12.08.2019 г. до 16:00 часот.

Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација. Заинтересираните понудувачи можат да подигнат тендерска документација на следниот линк: https://zadrugi.mk/wp-content/uploads/2019/08/53-1-Povik-za-izbor-na-pravni-sovetnici-8-ZAM-2019.docx