На 19.10.2018 г. заврши „караванот на инфо-сесии“ преку кој повеќе од 800 земјоделци од земјата беа информирани за предностите од здружувањето во земјоделски задруги, како и за можностите за поддршка што ги нуди проектот.
Инфо сесиите ги организираа МРФП и ЦАРЕ, а во соработка со Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Фотографии од сесијата одржана на 09.10.2018 г., во с. Ранковце, Крива Паланка (Општинска сала во Ранковце).
Фотографии од сесијата одржана на 09.10.2018 г., во Крива Паланка (Општинска сала во Крива Паланка).
Фотографии од сесијата одржана на 09.10.2018 г., во с. Режановце, Куманово (О.У Толи Зордрумис).
Фотографии од сесијата одржана на 10.10.2018 г., во с. Лисичани, Кичево (кафе Хана-Транс, с. Лисичани)
Претставници на успешни примери на земјоделски задруги од регионот (Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина) ги споделија своите искуства и најдобри пракси на инфо-сесиите, при што присутните земјоделци беа во можност да остварат директен контакт и да се информираат за задругарството во регионот.
Фотографии од сесијата одржана на 18.10.2018 г., во с.Блатец, (во просториите на компанијата СА-МО Бионатура, с.Блатец)
Фотографии од сесијата одржана на 18.10.2018 г., во Пехчево, (х. Гогов)
Фотографии од сесијата одржана на 19.10.2018 г., во с. Пиперево, (Дом на култура)
Фотографии од сесијата одржана на 19.10.2018 г., во с. Стојаково, (Месна канцеларија за оддржување на настани од јавен карактер)
Проектниот тим ги информираше земјоделците и гостите на инфо-сесиите за поддршката што проектот ја нуди преку објавените повици на кои можеа да се пријават постоечките земјоделски задруги, а сѐ уште можат да се пријават сите останати земјоделци и групи на земјоделски стопанства кои имаат интерес за формирање на земјоделски задруги.
Рокот за аплицирање на отворениот повик бр.3/ЗАМ/2018 за пријавување на интерес за формирање земјоделски задруги е до 12.11.2018 г. (достапен е на: https://zadrugi.mk/povici-oglasi/povik-za-prijavuvanje-interes-za-formiranje-na-zemjodelski-zadrugi/).
Инфо-сесиите се одржаа во периодот од јули до октомври на различни места во земјата: Кавадарци, с. Царев Двор, с. Долно Лакочереј, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Чешиново, Радовиш, Росоман, Чашка, с. Стајковци, с. Ранковце, Крива Паланка, с. Режановце, с. Лисичани, с. Блатец, Пехчево, с. Пиперево и с. Стојаково.
Фотографија од последната сесијата одржана на 19.10.2018 г., во с. Стојаково