Одговори на прашања за повиците бр. 6/ЗАМ/2019 и бр. 7/ЗАМ/2019

Согласно член 1.9.1 од Повиците бр. 6/ЗАМ/2019 и бр. 7/ЗАМ/2019 ги објавуваме одговорите на добиените прашања.

Прашање 1: Дали има ограничување на земјата на потекло од каде што ќе се набавуваат машините, опремата, механизацијата? Особено, дали Србија и Турција се земји од кои може да потекнува опремата?

Одговор 1: Земјата на потекло на бараната опрема може да биде од земји членки на ЕУ и ИПА земји (Македонија, Турција, Албанија, Црна Гора, Србија, Косово согласно резулуцијата на ОН 1244/99 и Босна и Херцеговина.) Србија и Турција се земји од каде што може да потекнува опремата.