CARЕ и МРФП воспоставија партнерство за спроведување на проектот со цел да се придонесе кон поголема продуктивност и конкурентност на земјоделскиот сектор во земјата. CARE е федерација на меѓународни невладини организации кои ги спроведуваат своите програми за борба против сиромаштијата и социјалната неправда во повеќе од 80 земји низ целиот свет. МРФП е фондација чија визија е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија. Повеќе информации во продолжение.
CARE е федерација на меѓународни невладини организации кои ги спроведуваат своите програми за борба против сиромаштијата и социјалната неправда во повеќе од 80 земји низ целиот свет.
Визија
Ние тежнееме кон свет исполнет со надеж, толеранција и социјална правда, каде сиромаштијата е надминатa и луѓето живеат достоинствено и безбедно.
Мисија
Нашата мисија е да им служиме на поединци и семејства во најсиромашните заедници во светот. Црпиме сила од нашата глобална разновидност, ресурси и искуство. Ние промовираме иновативни решенија и се залагаме за глобална одговорност. Ние фацилитираме трајни промени преку:
- Зајакнување на капацитетите за само-помош;
- Обезбедување на економски можности;
- Обезбедување на помош во итни случаи;
- Влијание врз политичките одлуки на сите нивоа;
- Адресирање на дискриминацијата во сите нејзини форми.
Водени од аспирациите на локалните заедници, ние ја исполнуваме нашата мисија со совршеност и сочувство, бидејќи луѓето кои ги опслужуваме го заслужуваат тоа.
CARE e активна во регионот на Балканот од 1992 година со програми во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Албанија. Преку годините, програмата на CARE се прошири и се разработи со цел да ги задоволи променливите потреби на ранливото население во регионот. Целта на CARE на Балканот денес е да се осигура дека социјалните, економските и политичките права на ранливите и маргинализирани групи се препознаети и исполнети, допринесувајќи за траен мир во регионот. Работата на CARE на Балканот e фокусирана на две програмски стратегии: социјална и економска инклузија и родовата еднаквост со специфични програми кои се однесуваат на:
- Рамноправност на половите, превенција на насилството и борба против трговијата со луѓе;
- Враќање на бегалците и раселените лица;
- Локален економски развој и добро владеење;
- Развој на граѓанското општество;
- Малцински и човекови права.
Контакт:
CARE Германија/Луксембург
ул. Никола Парапунов бр.41, 1060 Скопје
тел. +389 2 3087 977
МРФП е основана како резултат на соработката на МЦМС и Владата на Кралството Холандија во 1998 година, во време на зголемена невработеност, потрага по нови вработувања и самовработувања и во услови на тежок пристап до извори на микрокредити во банкарскиот сектор. Со пионерските чекори во претприемништвото, МРФП го даде својот придонес за намалување на финансиската и социјалната исклученост. МРФП успешно ги следеше и се прилагодуваше на измените во контекстот. Кумулативно, вкупно исплатените кредити од почетокот со работа на МРФП до 31.12.2017 г. е над 3,12 милијарди денари (50,8 милион евра) кон 14.525 клиенти, со што се поддржани вкупно 20.326 постојни и 5.757 планирани работни места. Освен финансиските, МРФП спроведуваше и повеќе програми во кои доминираа нефинансиските услуги.
Визија
Визијата на МРФП е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија.
Мисија
Мисијата на МРФП е поддршка на развојот на малите претпријатија.
Нашите цели
- Подобрен е пристап до финансиски услуги
- Промовирано е претприемништвото
- Иновации вклучени во главните текови
- Развиени се партнерства за развој
- Обезбеден е институционален и организациски развој на МРФП
Повеќе информации може да најдете на следната веб-страна: www.mrfp.mk
Контакт:
МРФП
ул. Никола Парапунов бр.41а, 1060 Скопје
тел: +389 2 3088 988