Чадор организацијата на земјоделски задруги одржа работилница за стратешко планирање

posted in: Вести, Инфо | 0

Во рамките на проектот, од 14-16 јуни 2021 година во Охрид, беше организирана работилница за стратешко планирање на Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ) – Чадор организацијата на земјоделските задругите.

Стратешкиот план на MAЗЗ за периодот 2021-2026 година е една од главните активности предвидени во нивниот Акциски план, изработен во рамките на проектната техничка поддршка за организацијата.

Во одлична работна атмосфера и преку вклучување на 16 претставници на Извршниот одбор, Надзорниот одбор и Извршната канцеларија, беа поставени стратешките цели на MAЗЗ, нејзината Визија и Мисија, кои претставуваат солидна основа за понатамошен раст и развој на организацијата.

Претседателката на MAЗЗ – г-ѓа Сузана Димитриевска, имаше можност да ја отвори работилницата и да даде изјава за медиумите за важноста на оваа активност како и да ги објави претстојните активности на организацијата.