Четири нови земјоделски задруги ја подобрија својата конкурентност со финансиска поддршка од Европската Унија

Четири новоформирани земјоделски задруги потпишаа договори за финансиска поддршка (ЕУ грантови) за инвестиции во опрема за производство и маркетинг на земјоделски производи.

Инвестицијата ги подобрува капацитетите на новоформираната земјоделска задруга „Здраво и свежо“ од Ресен, смета г. Пере Транталовски, еден од нејзините членови. Набавената опрема ја подобрува ефикасноста и конкурентноста на пазарот. Ова директно го поддржува локалното производство на храна и придонесува за ангажирање на локалното население. Тој нагласува дека овие кризни околности ни покажаа на сите колку е важно локалното производство на храна.

Четирите земјоделски задруги бројат 66 членови, од кои 42% се жени и 65% се млади земјоделци. Износот на четирите потпишани договори изнесува 161.409 евра, од кои 126.254 евра се поддршка преку проектот финансиран од ЕУ, а 35.155 евра се кофинансирање од страна на земјоделските задруги.

Средствата за реализација на оваа поддршка се обезбедени од страна на проектот „Поддршка на развојот на земјоделските задруги“, финансиран од „Европската Унија“, спроведуван и кофинансиран од CARE Германија е.В.“ и „Македонската развојна фондација за претпријатија“, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Заедно со новите четири договори, финансиски се поддржани вкупно 21 земјоделска задруга со над 1 милион евра. Со кофинансирањето од земјоделските задруги, вкупните инвестициите надминуваат 1,4 милиони евра.

Сподели: