Повик за краткорочен експерт за развој на подзаконски акти за земјоделски задруги

објавено во: Вести, Инфо, Некатегоризирано | 0

| 0

УПАТСТВО ЗА АНГАЖМАН НА ЕКСПЕРТ/КА ЗА

Развој на подзаконски акти на МЗШВ поврзани со Законот за задруги и Законот за земјоделство и рурален развој
во рамките на проектот Поддршка на развојот на земјоделските задруги

Вовед

CARE International е федерација на меѓународни невладини организации кои ги спроведуваат своите програми за борба против сиромаштијата и социјалната неправда во повеќе од 90 земји низ целиот свет. CARE е активна во регионот на Балканот од 1993 година. Со текот на годините, програмата на CARE се прошири и се развиваше за да ги задоволи променливите потреби на ранливото население во регионот. Неговата цел денес на Балканот е да обезбеди признавање и исполнување на социјалните, економските и политичките права на ранливите и маргинализираните групи, придонесувајќи за одржлив мир во регионот. Работата на CARE на Балканот се фокусира околу двете програмски стратегии: социјална и економска инклузија и родова еднаквост.

„Македонската развојна фондација на претпријатија“ (МРФП) е невладина организација со визија за намалена сиромаштија, зголемено вработување и воспоставена социјална кохезија. Нејзината мисија е да го поддржи развојот на МСП и има 20-годишно искуство во промовирање на претприемништво, поддршка на бизниси, управување со проекти, градење на капацитети, развој на партнерства и обезбедување финансиски услуги на МСП (микро и мали заеми). Од 1998 година, преку своите финансиски посредници, МРФП распредели 50,7 милиони евра на 14,525 клиенти, од кои повеќето беа локални земјоделци.

Во партнерство со МРФП, CARE во моментов го спроведува проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги“, финансиран од Европската Унија и спроведен низ цела Северна Македонија. Проектот има за цел да придонесе за поголема продуктивност и конкурентност на земјоделскиот сектор. Имено, со цел да се подобри моменталната положба во сегментот на земјоделско производство на индивидуалните земјоделци, проектот работи на зголемување на конкурентноста на пазарот и соработката меѓу земјоделците во земјата, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање на нови земјоделски задруги. Очекуваните резултати од проектот се:

  • Ор 1: Правната рамка за регулирање на земјоделските задруги е ревидирана, преку заедничка работа на проектниот тим и соработници, МЗШВ и чадор организацијата на земјоделски адруги.
  • Ор 2: Зајакнат капацитетот на избраната чадор организација на земјоделски задруги.
  • Ор 3.1: Зголемена свест за придобивките од задругите, меѓу земјоделците, деловните субјекти и пошироката јавност.
  • Ор 3.2: Креирана база на податоци со информации за постојните земјоделски задруги кои сакаат да се прошират и групите на земјоделци кои сакаат да основаат нови задруги и да добијат поддршка за развој.
  • Ор 4: Техничка и финансиска поддршка обезбедена за развој на 8 постојни и создавање на 12 нови задруги.

Цели

Тековната законска рамка што ги регулира земјоделските задруги во Северна Македонија содржи голем број недоследности и пречки за ефикасен развој на задругите. Досега, проектот водеше неколку иницијативи за подобрување на легислативата што ја регулира областа на земјоделски задруги, го поддржа процесот на укинување на Законот за земјоделски задруги, успеа да подготви нов Закон за задруги, измени и дополнувања на Законот за земјоделство и рурален развој, како и измени и дополнувања на други релевантни закони. Сè во соработка со релевантните донесувачи на одлуки и засегнати страни.

Двата ново подготвени закони (Законот за задруги и Законот за земјоделство и рурален развој) во моментов се во постапка за усвојување, што подразбира потреба за подготовка на збир на подзаконски акти поврзани со новиот предлог Закон за задруги и изменетиот Закон за земјоделство и рурален развој, со специфичен фокус на поедноставување и ефикасност.

Проектот бара да вклучи надворешен правн експерт/ка за исполнување на ангажман со следните задачи:

а. Дизајн (пишување) на специфични подзаконски акти (нацрт и конечни подзаконски акти) кои поблиску го регулираат полето на (земјоделското) кооперативно претприемништво. Дизајнот на подзаконските акти ќе се заснова на специфичните закони подготвени и/или изменети со проектот, придонесите од засегнатите страни (т.е. ресорните министерства, претставници на земјоделски задруги), придонесите од состаноците на работните групи (професионалци од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и други членови), како и проектниот тим.

б. Редовно учество на состаноците на Работната група, за да се добие подобар увид во дискусиите околу потребните измени и дополнувања; обезбедување правни совети на проектниот тим и другите засегнати страни во овој процес.

в. Организација на дополнителни консултации со различни засегнати страни вклучени во процесот на изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој и дополнителни истражувања и анализи на недоследности во рамките на други различни регулативи/закони (доколку ги има).

Обврски на консултантот/та
o Целосно запознавање со проектната документација, направените студии, записните од претходните состаноци на Работната група, како и со измените и дополнувањата на законите подготвени од проектот.
o Во комуникација со Проектниот Менаџерот од CARE, да подготви детален план за работа за именуваниот консултантски ангажман.
o Спроведување редовна консултација со Проектниот Менаџерот од CARE во текот на целиот ангажман, како и за договарање на главните точки за работа.
o Учествуво на состаноците на Работната група; давање советодавни насоки за членовите на Работната група и проектниот тим во врска со формулацијата на подзаконските акти.
o Обезбедување редовни консултации со релевантните чинители, главно членовите на Работната група и други засегнати страни, како што е побарано од проектниот тим.
o Подготвка на предлози за подзаконски акти (нацрт и конечна верзија врз основа на придонесите на засегнатите страни) во највисок квалитет на пишан македонски јазик и со соодветна правна терминологија.

Обврски на CARE
o Да му ја обезбеди на Консултантот/ката целосната документација релевантна за ангажманот – првично и по барање на Консултантот/ката.
o Координирдинација со Консултантот/ката во текот на целиот ангажман, за финализирањето на нацрт планот за работа, консултирање за имплементацијата и достигнувањата. Управување со планот за работа, во соработка со Консултантот/ката, за најдобро одговарање на целите на проектот.
o Обезбедува поврзување и координација помеѓу Консултантот/ката и сите релевантни чинители за именуваниот консултантски ангажман. Обезбедува поддршка на Консултантот/ката при организирање интервјуа/состаноци со клучните засегнати страни.
o Ги прегледува резултатите од проектот, вклучително и нацртот и последните измени и дополнувања на подзаконските акти подготвени од Консултантот/ката.

Методологија
Консултантот/ката ќе ја заснова својата работа врз релевантната документација, обезбедена од CARE (т.е. правната рамка, релевантните студии, документите на проекти, записниците од состаноците на Работната група, изменетите закони од проектот итн.), како и надворешни документи релевантни за ангажманот (т.е. стратегии, тековни подзаконски акти итн.).

Ангажманот ќе се спроведува во постојана комуникација со Проектниот менаџер на CARE. Консултантот/ката има обврска да координира со CARE пред да преземе какви било активности во врска со овој ангажман. Планот за работа, нацртот и последните амандмани на различните подзаконски акти ќе бидат предмет на ревизија на CARE.
Консултантот/ката ќе ја заснова својата работа на препораките и консултациите на Работната група како и со релевантни засегнати страни во владините институции и претставниците на земјоделски задруги и земјоделци.

Сите напишани документи наменети за државните институции (подзаконски акти итн.) треба да бидат напишани на македонски јазик. Консултантот ќе обезбеди одличен квалитет на пишаниот јазик, користејќи соодветна правна терминологија. Сите документи насочени кон CARE (тајмшитови, извештаи итн.) треба да бидат подготвени на англиски јазик.

Распоред и логистика
Ангажманот на Консултантот/ката е предвиден за периодот ноември 2020 година – декември 2020 година, за најмногу од 10 работни дена. Точниот датум за почетокот и крајот на ангажманот ќе биде договорен со Консултантот/ката по неговиот/нејзиниот избор.

Плаќањето за ангажманот ќе биде дефинирано преку Договор и ќе се изврши по завршувањето на работата и откако ќе бидат одобрени конечните резултати произлезени од консултациите со Проект Менаџерот на CARE, откако ќе се приложи целата потребна документација, согласно административните процедуеи на CARE, (тајмшитовите и другата потребна документација).

CARE нема да обезбеди логистичка поддршка на Консултантот/ката за именуваниот ангажман, ниту ќе прифати дополнителни трошоци за истиот – организациски трошоци. Трошоците за оброци, сместување, превоз и слично, што може да се појават, целосно ќе ги сноси Консултантот/ката. CARE нема да плати дополнителни трошоци за учество на засегнатите страни во консултантската работа, како на пример, учество на состаноци, интервјуа итн.

Понуда
Консултантот/ката ќе предложи вкупен надоместок за целиот ангажман во денарска противвредност. Понудената цена/понудата треба да ги вклучува сите трошоци, вклучително и даноците и поврзаните трошоци на понудувачот (патување, состаноци и сл.), т.е. итите треба да бидат презентирани во бруто надоместок на ден. Проектот е финансиран од Европската Унија и е регистриран во базата на податоци за Централна помош на донатори на Република Македонија (ЦДАД) со број на потврда 07/01-18/3764 со кој истиот се ослободува од ДДВ. Доколку понудувачот е правно лице, понудата треба да се претстави без ДДВ.

Менаџмент и организација
Консултантот ќе му поднесе извештај на г-дин Драган Периќ, Проектниот Менаџер во CARE.

Консултантот/ката (клучен краткорочен експерт/ка) мора да ги исполнува следните критериуми:
o Магистерска диплома по право, со најмалку 10 години експертиза во дизајнирање на регулативи.
o Одлично знаење и претходно документирано консултантско искуство во анализа на правните рамки во областа на економијата и/или земјоделството. Претходнo работно искуство во анализа, лобирање и изменување и дополнување на законите во земјата, кое може да се документира.
o Одлично знаење и вештини за пишување на правни документи, закони и подзаконски акти.
o Знаење за институциите/мрежите/организациите релевантни за прашањата за дизајнирање на легислативата во земјата.o Одлични вештини за пишување на македонски јазик, одлична употреба на соодветната правна терминологија. Познавање на англиски јазик.
o Референци/препораки за поврзаната работа (треба да се достават заедно со понудата за консултантскиот ангажман).
o Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини.

Заинтересираните кандидати се поканети да аплицираат и треба да достават:

o Тековно CV во формат на ЕУ (ве замолуваме да го претставите само релевантното искуство);
o Нацрт-методологија и план за имплементација на консултантски услуги;
o Понуда (финансиска понуда).
Преку е-пошта на care.macedonia@care.org најдоцна до 10-ти ноември 2020 година, до 17 часот, со наслов: „Пријава за ангажманот: Краткорочен експерт за развој на подзаконски акти за земјоделски задруги

Референците/препораките треба да бидат вклучени во апликацијата, или, во исклучителни случаи, достапни на барање. Само кандидатите со соодветната понуда ќе добијат потврда за прием на нивната апликација. Само кандидатитекои ќе влезат во потесен избор ќе бидат исконтактирани.

Скопје, ноември, 2020 година

Сподели: