Јавен повик за достава на понуди бр. 10/ЗАМ/2019 за избор на советници на земјоделски задруги за спроведување на тендерски постапки за набавки

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ги поканува сите заинтересирани субјекти – физички или правни лица да учествуваат во тендерска постапка за избор на: советодавни услуги на земјоделски задруги за спроведување на тендерски постапки за набавки (во понатамошниот текст: услуги). Услугите се наменети за земјоделски задруги чии инвестиции (набавки) се финансиски поддржани од страна на МРФП. Планираниот период и место за испорака на услугите е од јануари до ноември 2020 година, на различни локации во земјата.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, кој е финансиран од ЕУ, а го спроведуваат CARE Германија-Луксембург е.В. и МРФП.

Рокот за доставување на понудите е 27.12.2019 г. до 16:00 часот.

Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација. Заинтересираните понудувачи можат да подигнат тендерска документација на веб страната www.zadrugi.mk или на следниот линк.