Почитувани,
CARE Германија/Луксембург (CARE) ве поканува на јавни дебати кои се организираат во рамки на проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги”.
Последните три јавни дебати (од вкупно 5), ќе се одржат на следните локации со следниот распоред:
– 21.05.2019 (вторник), 11:00 – 14:00, Кратово (Хотел Кратис);
– 22.05.2019 (среда), 11:00 – 14:00, Битола (Хотел Театар);
– 28.05.2019 (вторник), 11:00 – 14:00, Велес (Хотел Гарденија) .
На јавните дебати ќе ве информираме за предлог промените од законите кои ги тангираат земјоделските задруги, а се поврзани со формирањето и функционирањето на истите. Преку промената на законите, проектот сака да креира јасна законска рамка која ќе овозможи развој и поддршка на задругарството во земјата.
Целта на јавните дебати е:
- да ја информираме јавноста за новите предлог законски решенија;
- да отвориме дискусија и можност за партиципативно учество на сите засегнати страни.
Со цел да ги споделиме овие информации со што поголем број на засегнати страни, Ве молиме за овие настани да ги информирате вашите целни групи и сите заинтересирани лица во регионот (вклучувајќи ги и другите општини).
Агендата за настаните е следната:
Време | Тема | Одговорна страна |
10:45 – 11:00 | Регистрација на учесници | |
11:00 – 11:10 | Вовед | CARE |
11:10 – 11:30 | Презентација на предлог законите | CARE |
11:30 – 12:45 | Отворена дискусија | Учесници |
12:45 – 13:00 | Финални коментари и заклучоци | CARE |
13:00 – 14:00 | Коктел |
За било какви информации, можете да не контактирате на care.macedonia@care.org тел. +389 2 3087 977.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од CARE и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со почит,
Проект „Поддршка за развој на земјоделски задруги“
ул. Никола Парапунов 41, 1000 Скопје
контакт телефон +389 (2) 3087 977
е. пошта care.macedonia@care.org