Спроведувачи

објавено во: Инфо, Истакнато | 0

CARЕ и МРФП воспоставија партнерство за спроведување на проектот со цел да се придонесе кон поголема продуктивност и конкурентност на земјоделскиот сектор во земјата. CARE е федерација на меѓународни невладини организации кои ги спроведуваат своите програми за борба против сиромаштијата и социјалната неправда во повеќе од 80 земји низ целиот свет. МРФП е фондација чија визија е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија. Повеќе информации во продолжение.

CARE е федерација на меѓународни невладини организации кои ги спроведуваат своите програми за борба против сиромаштијата и социјалната неправда во повеќе од 80 земји низ целиот свет.

Визија

Ние тежнееме кон свет исполнет со надеж, толеранција и социјална правда, каде сиромаштијата е надминатa и луѓето живеат достоинствено и безбедно.

Мисија

Нашата мисија е да им служиме на поединци и семејства во најсиромашните заедници во светот. Црпиме сила од нашата глобална разновидност, ресурси и искуство. Ние промовираме иновативни решенија и се залагаме за глобална одговорност. Ние фацилитираме трајни промени преку:

  • Зајакнување на капацитетите за само-помош;
  • Обезбедување на економски можности;
  • Обезбедување на помош во итни случаи;
  • Влијание врз политичките одлуки на сите нивоа;
  • Адресирање на дискриминацијата во сите нејзини форми.

Водени од аспирациите на локалните заедници, ние ја исполнуваме нашата мисија со совршеност и сочувство, бидејќи луѓето кои ги опслужуваме  го заслужуваат тоа.

CARE e активна во регионот на Балканот од 1992 година со програми во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Албанија. Преку годините, програмата на CARE се прошири и се разработи со цел да ги задоволи променливите потреби на ранливото население во регионот. Целта на CARE на Балканот денес е да се осигура дека социјалните, економските и политичките права на ранливите и маргинализирани групи се препознаети и исполнети, допринесувајќи за траен мир во регионот. Работата на CARE на Балканот e фокусирана на две програмски стратегии: социјална и економска инклузија и родовата еднаквост со специфични програми кои се однесуваат на:

  • Рамноправност на половите, превенција на насилството и борба против трговијата со луѓе;
  • Враќање на бегалците и раселените лица;
  • Локален економски развој и добро владеење;
  • Развој на граѓанското општество;
  • Малцински и човекови права.

Контакт:

CARE Германија/Луксембург

ул. Никола Парапунов бр.41, 1060 Скопје

тел. +389 2 3087 977

care.macedonia@care.org

www.care-balkan.org

МРФП е основана како резултат на соработката на МЦМС и Владата на Кралството Холандија во 1998 година, во време на зголемена невработеност, потрага по нови вработувања и самовработувања и во услови на тежок пристап до извори на микрокредити во банкарскиот сектор. Со пионерските чекори во претприемништвото, МРФП го даде својот придонес за намалување на финансиската и социјалната исклученост. МРФП успешно ги следеше и се прилагодуваше на измените во контекстот. Кумулативно, вкупно исплатените кредити од почетокот со работа на МРФП до 31.12.2017 г. е над 3,12 милијарди денари (50,8 милион евра) кон 14.525 клиенти, со што се поддржани вкупно 20.326 постојни и 5.757 планирани работни места. Освен финансиските, МРФП спроведуваше и повеќе програми во кои доминираа нефинансиските услуги.

Визија

Визијата на МРФП е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија.

Мисија

Мисијата на МРФП е поддршка на развојот на малите претпријатија.

Нашите цели

  • Подобрен е пристап до финансиски услуги
  • Промовирано е претприемништвото
  • Иновации вклучени во главните текови
  • Развиени се партнерства за развој
  • Обезбеден е институционален и организациски развој на МРФП

Повеќе информации може да најдете на следната веб-страна: www.mrfp.mk

Контакт:

МРФП

ул. Никола Парапунов бр.41а, 1060 Скопје

тел: +389 2 3088 988

zadrugi@mrfp.mk

www.mrfp.mk

Сподели: