Повик бр. 7/ЗАМ/2019 за финансиска поддршка – фаза 3 за иницијативи за формирање земјоделски задруги

објавено во: Истакнато, Повици / Огласи | 0

Почитувани,

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ финансиран од ЕУ Ве поканува да учествувате на „Повикот за финансиска поддршка – фаза 3 за развој на постоечки земјоделски задруги“ бр. 7/ЗАМ/2019.

Генералната цел на поддршката е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на земјоделските задруги. Специфичната цел е поддршка на соработката на земјоделците преку поддршка на земјоделските задруги во насока на зголемување на економските резултати, маркетинг можностите и продуктивноста на целиот земјоделски сектор.

Право на учество имаат сите иницијативи за формирање (нови) земјоделски задруги кои се регистрирани во надлежниот регистар на земјоделски задруги во периодот од 30.6.2018 г. до крајниот рок на овој повик кои веќе биле избрани за техничка поддршка – фаза 2 во рамки на проектот.

Рокот за доставување пријави е 16.9.2019 г. до 16.00 часот. (Рокот за доставување на пријавите е продолжен до 26.9.2019 г. до 16:00 часот).

Инструкциите и обрасците за аплицирање може да ги подигнете во просториите на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) или од веб-страницата www.zadrugi.mk.

Пријавите се поднесуваат на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија ул. „Никола Парапунов“ бр. 41а, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 7/ЗАМ/2019“.

Оваа постапка за избор се спроведува во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.

Повик бр. 7/ЗАМ/2019 за финансиска поддршка – фаза 3 за иницијативи за формирање земјоделски задруги

Сподели: