Почитувани,
Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ финансиран од ЕУ Ве поканува да учествувате на „Повикот за
финансиска поддршка – фаза 3 за развој на постоечки земјоделски задруги“ бр. 6/ЗАМ/2019.
Генералната цел на поддршката е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на
земјоделските задруги. Специфичната цел е поддршка на соработката на земјоделците преку поддршка на земјоделските задруги во насока на зголемување на економските резултати, маркетинг можностите и продуктивноста на целиот
земјоделски сектор.
Право на учество имаат сите земјоделски задруги регистрирани во надлежниот регистар на земјоделски задруги пред 30.6.2018 г. кои веќе биле избрани за техничка поддршка – фаза 2 во рамки на проектот.
Рокот за доставување пријави е 16.9.2019 г. до 16.00 часот. (Рокот за доставување на пријавите е продолжен до 26.9.2019 г. до 16:00 часот).
Инструкциите и обрасците за аплицирање може да ги подигнете во просториите на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) или од веб-страницата www.zadrugi.mk.
Пријавите се поднесуваат на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија ул. „Никола Парапунов“
бр. 41а, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 6/ЗАМ/2019“.
Оваа постапка за избор се спроведува во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.
Повик бр. 6/ЗАМ/2019 за финансиска поддршка – фаза 3 за развој на постоечки земјоделски задруги