За проектот

објавено во: Инфо, Истакнато | 0

Проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги“  има општа цел да придонесе кон поголема продуктивност и конкурентност на земјоделскиот сектор во земјата.

Специфичната цел на проектот е зголемување на пазарната конкурентност и соработката меѓу земјоделците во земјата, преку создавање поволни услови за развој на постоечките и создавање нови земјоделски задруги.

Целни групи:

  • Постоечки земјоделски задруги и групи земјоделци кои сакаат да формираат нови задруги и ќе имаат можност да учествуваат во инфо-сесии и обуки за развој на бизнис планови.
  • 20 земјоделски задруги (8 постоечки и 12 ново-регистрирани) ќе добијат проектни подгрантови, обуки и менторство.
  • МЗШВ ќе добие поддршка за ревизијата на политиките и подобрувањата на системот на следење на развојот на земјоделските задруги.

Со проектот се планирани следите низа активности:

  • Обезбедување сеопфатна законска рамка која ќе ги поттикнува и поддржува земјоделските задруги и ќе го олесни регистрирањето и функционирањето на задругите.
  • Студиски посети на добри практики во земјите на ЕУ/регионот за избрани земјоделски задруги.
  • Градење на капацитетите и финансиска поддршка за чадор организацијата со цел придржување кон принципите на демократско владеење и функционална независност, како и зајакнување на нејзината улога за поддршка и развој на земјоделските задруги во земјата.
  • Подигање на свеста во јавноста за признавање на земјоделските задруги како средство за постигнување на дополнителна продуктивност и ефикасност во земјоделскиот сектор.
  • Проценка на потребите, техничка и финансиска поддршка за 8 постоечки и 12 нови задруги.

Со спроведувањето на проектот ќе се постигнат следните резултати:

  • Резултат 1. Ревидирана правна рамка за земјоделски задруги преку соработка на проектниот тим, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и чадор-организацијата на земјоделските задруги.
  • Резултат 2. Зајакнати капацитети на избраната чадор-организација на земјоделските задруги,
  • Резултат 3.1. Зголемена свест меѓу земјоделците, бизнисите и пошироката јавност за придобивките од задругите.
  • Резултат 3.2. Креирана база на податоци за земјоделски задруги.
  • Резултат 4. Обезбедена техничка и финансиска поддршка за развој на 8 постоечки и за формирање 12 нови земјоделски задруги.

Времетраењето на проектот е 38 месеци (14 декември 2017 г. до 13 февруари 2021 г.) Проектот е финансиран од Европската Унија преку буџетска линија: Инструмент за претпристапна помош – ИПА II.