Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ги поканува сите заинтересирани субјекти – физички или правни лица да учествуваат во тендерска постапка за набавка на: консултантски услуги за испорака на обуки за прописи и процедури за регистрација и воспоставување на земјоделски задруги. Обуките се наменети заземјоделски стопанства кои имаат намера да формираат земјоделска задруга. Обуките би се спроведувале во периодот од јануари 2019 година до март 2019 година на различни локации во Република Македонија.
Обуките ќе се спроведуваат во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, кој е финансиран од ЕУ, а го спроведуваат CARE Германија-Луксембург и МРФП.
Рокот за доставување на понудите е 18.01.2019 г. до 16:00 часот.
Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.
Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација. Заинтересираните понудувачи можат да подигнат тендерска документација лично во Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП), на адреса: ул. Никола Парапунов 41А, 1060 Скопје, преку контакт на телефон 023088992 и 072595376, или преку барање на електронска адреса zadrugi@mrfp.mk. Лица за контакт се Светлана Бошкоска и Марина Јоноска.